ГРЦИТЕ СЕ ПРЕМИСЛИЈА: Ќе ги примаaт гостите од Италија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Јуни, 2020
Грците се премислија, и ќе примаат гости од Италија оваа сезона.
Грција вети отворање на границите за Италијанците, без тест и без карантин.
Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, на прес-конференцијата во Атина изјави дека добил уверување од својот грчки колега Никос Дендијас дека Грција ќе ги отвори своите граници за Италијанците.
Тој го повтори ставот на Рим дека во ЕУ треба да има идентични и заеднички критериуми за слободно движење.
Во согласност со договорот од Брисел, земјите членки на ЕУ ќе ги отворат своите граници на 15 јуни, но некои земји, како што е Грција, решија да ги задржат границите затворени за Италијанците.
Италија беше епицентарот на коронавирусот во Европа и во некои провинции епидемиолошката состојба е сè уште лоша.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца, на почетокот на месецов изјави дека епидемиолошката состојба во Италија е подобра отколку во другите европски држави и дека не разбира зошто некои земји го ограничуваат влезот за Италијанците.Тогаш италијанските власти најавија дека заедно со грчките власти ќе бараат решение на овој проблем.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.