19 Декември, 2025
0.0789

Грејната сезона почна, кумановци ги „соголеа“ новите клупи

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2018 06:45

Добивај вести на Viber

Во центарот на Куманово неодамна се уништени нови клупи, при што од нив се откорнати дрвените делови.

На социјaлните мрежи веќе недела дена се споделуваат фотографии од уништените клупи, што наиде на осуда од граѓаните. Тие коментираат дека некому му биле потребни дрва за огрев, но и дека вандалите треба да се казнат. Оштетени се и канти за отпадоци и друга комунална опрема.

„Toa e грда слика и народот навистина нема никаква култура. Сторителите треба да се најдат и казнат. Исто и на градскиот кеј, кој е прекрасно место за прошетка, несовесни граѓани постојано ја уништуваат урбаната опрема. Сите знаеме што е убаво, но ако сакаме да биде убаво, треба и ние да се погрижиме да биде чисто и да не оштетуваме и кршиме“, вели граѓанка.

Од Општина Куманово велат дека ќе преземат мерки за уништената урбана опрема.

„Општина Куманово започна со поставување на нова урбана опрема во центарот на градот, базен, кеј, соколански парк и на двата плоштада.  До сега поставени се околу сто клупи, а уништени 40 проценти од истите. Клупите се поставени пред еден месец. Од страна на ЈП „Чистота и Зеленило“ кое е задолжено за одржување на урбаната опрема, случајот е пријавен во полиција“, информираат од локалната самоуправа.

Градскиот хроничар, Димитар Масевски вели дека ова што се случува воопшто не е во ред и оддава впечаток дека граѓаните не се грижат за средината каде живеат. 

„Градот им припаѓа на сите и сите треба да се грижиме за него. Треба да се почитува она што е направено, затоа што на крајот на краиштата пари се дадени за сето тоа да се направи“, вели тој.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски деновиве најави дека со ова вандалско однесување е направена штета на граѓаните, и на општината, и кажа дека уништените клупи ќе бидат поправени. Тој потсети дека општината има ангажирано чуварски служби на неколку локации на Спомен костурницата, градскиот кеј, но дека тие не можат да имаат целосна контрола на просторот на овие локации, затоа што зафаќаат поголема површина.

Ова не е прв ваков случај. Во мај годинава на градскиот плоштад имаше оштетени канделабри. Претходно се случувало да бидат уништувани сообраќајни знаци, но и семафори во централното градско подрачје.

Сања Атанасовска

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки