Грешка на катастарот или власта попушти по реакциите на јавноста за багателната продажба?!
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2014 08:22
„Врз база на вашиот допис, сакаме да информираме дека направен е пропуст што се должи на неусогласеност на податоците во катастарскиот план и катастарскиот операт, поради што податоците наведени во списокот на индикации за деловите од катастарската парцела од која е оформена градежната парцела не одговараат на податоците на катастарот на недвижности кој во моментот на изработка на копието за нумерички податоци биле во важност“, се вели во дописот од Агенцијата за катастар упатен до министерството за транспорт и врски.Од друга страна пак, министерот Миле Јанакиески тврди дека во министерството дошле и сопствениците на парцелите, и на тој начин била констатирана грешката на Агенцијата, по што продажбата е стопирана. Како овој случај натаму ќе се развива, кои се сопствениците што поседуваат атрактивна локација среде Скопје, а ,во министерството дојдоа дури пет дена откако државата им ја продаде нивната локација. Дали можеби и приватните сопственици ќе сакаат да ја продадат парцелата, но за повисока цена - останува да се види. Но исто така, јавноста ќе очекува и одоговори за тоа кој е службеникот што ја направил грешката и дали и како ќе биде санкциониран. Дали тој службеник можеби сам ќе ја признае грешката? Серија прашања се отворени, а токму тие отвораат многу дилеми за поништувањето на продажбата. Од тоа каква ќе биде натамошната разврска за овој случај ќе зависат многу работи. Јанакиески: Kатастарот направи грешка! Одговорното лице ќе се санкционира Продажбата на земјиштето кај НБРМ е стопирана оти имала и приватни сопственици. Катастерот направил грешка, а грешката била увидена откако сопствениците се пожалиле во ресорното министерство за транспорт. Тогаш катасатрот ја признал грешката, а продажбата е стопирана, облодени министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
„Пред два дена до Министерството за транспорт и врски се обратија странки, односно физички лица и понудија докази дека дел од земјиштето е во нивна сопственост и дека пред неколку години истото им било вратено согласно Законот за денационализација, односно за ова постојат три решенија. Отако беше направен доплнителен увиде, беше утврдено дека грешката е кај кАгенцијата за катастер и недвижности, изјави Јанкиески.Јанакиески и порача на Агенцијата за катастар на недвижности, да утврди чија е одговорноста и да превземе санкции против службениците кои погрешиле.
„Сакам во оваа прилика да повикам до Агенцијата за катастар на недвижности да преземе соодветни мерки за вработените кои ја направиле оваа грешка, бидејќи не воведе во една непријатна ситуација и мене како ресорен министер, но пред се Комисијата за јавни наддавања. Исто така, сакам да се извинам на приватните лица на кои во 2009 година, согласно Законот за денационализација ова земјиште им било вратено.СДСМ – власта призна криминал Со поништувањето јна продажбата власта признава криминал во овој случај, обвини опозицијата.
„Власта на Никола Груевски призна обид за криминал во случајот продажба на земјиште за само 71 денар по квадрат, во центарот на Скопје. Скандалозниот тендер е поништен откако се разобличија нивните валкани намери што наидоа на осуда и остри критики не само од СДСМ туку и од целокупната јавност. Дополнително, до каде може да оди немилосрдноста на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ покажува фактот што Владата на Груевски продавала приватно земјиште за едно евро! Ова е невидена дрскост на арогантната власт на Никола Груевски, занесена во илузијата дека можат бесконечно да го кријат нивното вистинско лице“, пишува во партиското соопштение на СДСМ.Според опозцијата, оправдувањето на министерот за транспорт и врски,Миле Јанакиески дека се работело за пропуст на Кататсарот е продолжување на праксата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, вината за `се што не им одговара да ја префрлуваат на институциите што ги раководат. Министерство за транспорт и врски – СДСМ нека направи увид во документацијата! По реакцијата на опозицијата дека власта со поништувањето ја признала скандалозната продажба на земјиштетот, од министерството за транспорт и врски ја повикаа СДСМ да направи увид врз целокупната документација за овој случај, како во Министерството за транспорт и врски, така и во Агенцијата за катастар и недвижност.
„Ја информираме јавноста дека целокупната постапка за отуѓување на земјиштето наменето за изградба на објект за времено сместување во општина Центар е во согласност со законските прописи, а истата е реализирана на транспарентен начин, при што секој може да има увид во извршеното јавно наддавање. Цените за отуѓување на градежното земјиште, сопственост на Република Македонија се утврдени со „Уредбата за начинот и постапката на отуѓување и давање под закуп на државно земјиште, сопственост на Република Македонија“, која е објавена во Службен весник на Република Македонија и истите се во зависност од локацијата и намената за градба, пишува во реакцијата испратена од министерството за транспорт и врски.Случајот доби политичка димензија – Шиповиќ во притвор за да се продаде локацијата! Веднаш откако беше објавено дека локацијата спроти Народната банка е продадена и тоа за 71 денар за метар квадратен реагираа од општина центар.Градоначалникот Андреј жерновски обвини дека една од причините поради која претседаелот на советот на Центар, Мирослав Шиповиќ е во притивор е токму скадалозната продажба на локацијата. Споре
„Без неговиот глас во општина Центар, советниците изедначено гласаат со што неможат да го превземат уредувањето на државното земјиште кое сега владата го продава за 71 денар по метар квадратен.Жерновски бараше поништување на продажбата, но тогаш од министерсвото за транспорт и врски му посочија дека за тоа ќе треба да се плаќаат пенали.
„Врз основа на кој член од Законот за градежно земјиште бара поништување на јавното наддавање и дали е свесен дека доколку се поништи истата, државата ќе треба да плаќа казни, предвидени со законската регулатива, како и да каже што е незаконско во постапката за отуѓување на земјиштето, му возвратија на Жерновски од министерството за транспорт и врски.“С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





