19 Мај, 2024
0.0278

Grexit ќе удри врз грбот на Македонија, Бугарија, Србија…

Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Стравувањата од зараза од Grexit (излегување на Грција од еврозоната) Се фокусирани на монетарната унија, но сличен негативен развој исто така може да ги загрози поранешните комунистички земји кои граничат со Медитеранската земја. Изразувајќи загриженост за иднината на Грција во еврозоната, експертите од Capital Economics посочија претходно оваа недела дека т.н. гранични пазари (држави, кои се премногу мали од економска гледна точка, за да бидат дел од традиционалните пазари во развој), граничат со земјата на север се изложени на ризик, пишува CNBC. "Зголемената опасност од излегување на Грција од еврозоната фрла сенка врз изгледите за европските гранични пазари", велат аналитичарите Џон Ашбрн, Герет Ледр и Џејсон Тувеиј во извештајот на Capital Economics. Бугарија и Србија, која нема заедничка граница со Грција, беа прогласени за најранливите гранични пазари при реализација на Grexit, особено ако тоа доведе до финансиски стрес во целата еврозона. Веднаш по двете страни е рангирана Романија. Месеците на преговори меѓу Грција и нејзините кредитори не успеаја да доведат до договор за реформи во замена за финансиска поддршка, што стана и причината Grexit да е разгледуван од пазарите како се повеќе веројатна опција. "Точно е дека реакцијата на финансиските пазари досега е пригушена. Проблемите во Грција претставуваат закана за други места во светот. Дури и така, сепак, стравувањата се достапни", велат авторите на извештајот. Грција се приклучи кон Европската унија (ЕУ) во 1981 година, непосредно пред Португалија и Шпанија, и е една од основачите на еврозоната. Иако медитеранската земја не е дел од "јадрото" на ЕУ во Западна Европа, клучната нејзината локација ја прави важен субјект за Стариот континент во геополитички план. Претходно овој месец Capital Economics предупреди дека Источна Европа е ранлива, ако проблемите во Грција доведат до финансиски стрес, и затоа слаб раст во остатокот од еврозоната. Аналитичарите истакнаа дека извозот на источноевропските земји кон валутниот блок е еквивалентен на меѓу 15% и 50% од бруто домашниот производ. "Со оглед на длабочината на овие трговски врски, не е изненадувачки дека динамиката на извозот од Источна Европа е во склад со растот во еврозоната", вели независната истражувачка фирма во својата извештај "растечка Европа". Освен тоа банкарските филијали во Македонија, Романија и Бугарија ги задржуваат директните финансиски врски со Грција, како и остатокот од еврозоната. Грчките банки сочинуваат околу 20 отсто од македонскиот банкарски сектор според податоците на Standard Bank. Еден од најголемите кредитори во земјата - "Стопанска банка", е во сопственост на грчката финансиска група NBG. "Веројатноста за сценарио во кое Грција излегува од еврозоната, ќе е голема и ќе влијае на цела Источна Европа", истакнуваат од Capital Economics. Обработка: К.К. Извор: CNBC

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс