19 Декември, 2025
0.0423

„Грин Машинс“ со успешна презентација на саемот во Бирмингем – над 30 британски општини изразија интерес за возилата произведени во Велес

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2022 12:41

Добивај вести на Viber

На 14 и 15 септември „Брако“, со својот бренд на возила за одржување на хигиена во урбани средини, „Грин Машинс“,учествуваше  на RWM & LetsrecycleLive во Бирмингам, Велика Британија .На овој водечки настан во Велика Британија на кој што учествуваа реномирани компании и врвни професионалци од сферата на управување со отпад, ресурси и одржливост, „Грин Машинс“ го привлече интересот, како и за досегашните така и на нови потенцијални корисници.

На штандот во „Националниот изложбен центар“ беа презентирани дел од возилата кои што се дел од палетата на иновативните и технолошки најсовремени машини од линијата „Грин Машинс“:  GM400ze, GM500zeи GM1ze.

„Одговорните на возните паркови од општинските совети на градовите го потврдија високото мислење за „Грин Машинс“ возилата, истакнувајќи ги придобивките од досегашното користење на истите, со намера да ја продолжат соработката. За таа цел, со повеќе од 30 британски општини , закажавме демонстрација на возилата и пробно возење во кругот на општините од страна на идните корисници“, истакна Извршниот директор на „Брако“, Благој Шалев.

Инаку, со повеќе од 550 изложувачи и повеќе од 12 илјади посетители речиси секоја година, RWM & LetsrecycleLive преставува платформа преку која што се забрзува транзицијата кон подобра и еколошки почиста планета преку искористување на нашите природни ресурси, што силно се надоврзува на визијата и мисијата на „Брако“ и „Грин Машинс“ за почиста и поздрава животна средина.

Годинешното издание на RWM & LetsrecycleLiveсе одржуваше во денови кога Велика Британија, но и останатиот дел од светот е во жалост по смртта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета Втора. Токму поради ова и овој настан во Бирмингам, иако успешен за учесниците помеѓу кои беше „Грин Машинс“, помина во духот на оддавањето почит кон животот и делата на Кралицата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии