„Гринјард“ бара македонско овошје и зеленчук за европските пазари
Објавено во: Агробизнис 23 Април, 2018 12:30
Идната недела во Македонија ќе дојдат претставници на „Гринјард“, компанијата – лидер во обезбедувањето свежо овошје и зеленчук за европските супермаркети со цел да се запознае со можноста за застапување на македонските производи, објави Алсат.
Како што најави Татјана Марковска од Канцеларијата за економски развој на УСАИД на денешниот форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во Велес, целта на посетата е договарање конкретна соработка со наши фирми кои досега веќе оствариле контакти со „Гринјард“ и се запознаени со потребните условите за дистрибуција.
– Комуницираме две години со „Гринјард“. Однесовме неколку наши компании кај нив за да се запознаат со условите на доставување на овошјето и зеленчукот, од аспект на квалитет, пакување, време на достава,… Најавената посета ќе биде во тој правец – евентуално конкретизирање на соработката што е веќе почната со овие неколку наши фирми, рече Марковска.
„Гринјард“ со свежо овошје и зеленчук снабдува најмалку 25 земји, а вработува преку 8.000 лица.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





