20 Декември, 2025
0.0772

Грипот А Х1Н1 стигна во Македонија, надлежните со совети за превенција

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2013 19:16

Добивај вести на Viber

Oд Институтот за јавно здравје на Македонија  го потврдија почетокот на сезоната на грип во земјава. Како што информираше Голубинка Бошевска од Институтот, три деца на возраст на 13 - годишна возраст од Тетово добиле  дијагноза дека имаат грип тип А Х1Н1. Примероци за анализа се земени од Центарот за јавно здравје во Тетово и анализирани на Институтот за јавно здравје. Сомнителни биле уште три лица, исто така од Тетово, појасни Бошевска, но сепак кај нив анализите за присуство на грип биле негативни. И во Европа, појаснуваат од Институтот, бројот на анализирани случаи е многу мал. „Од вкупниот број на пристигнати примероци во европските лаборатории 71 процент е инфлуенца А, 45 проценти е Х1Н1, 55 проценти е Х3Н2, а 29 отсто отпаѓа на инфлуенца Б“, информираше денеска Бошевска која исто така додаде дека и годинава лабораторијата на Институтот ги исполни критериумите на Светската здравствена организација и доби акредитација дека лабораторијата може да врши дијагностика на грип. Институтот за јавно здравје во просек неделно регистрираат 60 новозаболени случаи, односно минатите 10 недели имало околу 400 случаи на грип во земјава. Најмногу регистрирани случаи има во Скопје, Струмица, Тетово и Куманово. Сепак, велат од Институтот, бројот на заболени веројатно е многу поголем бидејќи не се сите пријавени и регистрирани. Советите од надлежните за да не се пренесе грипот се избегнување контакт со заразени лица,  внимавање на хигиена на рацете, избегнување престој во затворени простории и слично.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии