16 Мај, 2024
0.0332

Грижа или лицемерие: Каде исчезнаа милионите од ИПА-фондовите?!

Објавено во: Агробизнис 10 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Либерално-демократската партија прашува каде исчезнаа милионите од ИПА-фондовите, од Министерството реагираат дека е лицемерно оваа партија да се грижи за земјоделството Од ЛДП соопштија дека годинава завршува циклусот на ИПА 2007-2013, период за кој ЕУ издвои просечно меѓу 85 до 90 милиони евра. Посочуваат дека само една третина од овие средства се искористени во изминатите шест години и го прашуваатпремиерот Никола Груевски и  министерот за земјоделие , шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, каде исчезна ефектот на овие огромни средства и зошто главни корисници на нив биле  претежно луѓе блиски во власта. „Неодамна, ИПА на Македонија и додели 595 милиони евра за следниот шестгодишен циклус. Либерално-демократската партија ја поздравува одлуката на ЕУ и предлага целосна транспарентност во дадените средства, деполитизација и отстранување на партиската дискриминација при доделување на средствата на ИПА-фондовите. Водено ЛДП предлага надминување на непотизмот меѓу првите луѓе на Министреството за земјоделие и Агенцијата за финансиска помош на земјоделието и руралниот развој, како и побрз и поодговорен однос кон подносителите за добивање средства од ИПА-2 програмата", стои во соопштението. Притоа од ЛДП ја поздравуваат одлуката на ЕУ, укажуваат на поразителните опаѓања на учеството на земјоделието во БДП, кои бележи стапка на пад од 1% просечно во последните 3 години во однос на останатите сектори. Од министерството за земјоделство пак велат дека ЛДП пласира неточни информации и појаснуваат дека сумите што ги издвојува ЕУ за инвестиции во земјоделство изнесуваат околу 70 милиони евра за период од 7 години. „Ги упатуваме во ЛДП на фактот дека програмскиот циклус завршува оваа година, но финансискиот циклус за трошење на овие средства трае до крајот на 2016 година. Значи неможе да стане збор за губење на правото за располагање на толкава сума финансиски средства како што се наведува“, стои во соопштението. Од министерството прашаа заошто во времето кога министер за земјоделство беше кадар на ЛДП во 2005 година и беше отворен пристапот до тогашните САПАРД фондови на ЕУ, на ЛДП и на нивниот министер не им беа приоритет структурните реформи, обезбедувањето и развој на неопходните институции за управување и спроведување на фондовите, ниту пак покажаа грижа за земјоделците. Посочуваат дека е крајно лицемерна, како што велат, наводната грижа кај ЛДП за земјоделството. „Дури и сега освен паушални критики и девалвации повторно не слушаме ништо сериозно. Ќе напоменеме дека во одобрувањето на дадените средства од европските фондови постои целосна транспарентност, без било каква политизација или партиската дискриминација. Впрочем, на тоа упатуваат и редовните контроли од страна на Националното ревизорско тело и од Ревизорското тело на ЕУ. Загрижувачка е неупатеноста во ЛДП во земјоделските политики, нивното имплементирање и елемнтарното непознавање на процедурите, што секако не им дава за право да излегуваат со оценки кои се невистинити“, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?