Гркиот МНР ги информира министерствата дека се активира Преспанскиот договор
Објавено во: Балкан
10 Февруари, 2024
Добивај вести на Viber
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, со официјален допис до надлежните министерства ги информирал дека се активира Договорот од Преспа.
Конкретно, во директивата што ја добија министерствата на 30 јануари 2024 година, потсетува дека на 12 февруари 2024 година завршува петгодишниот технички преоден рок од член 1. ст. 10 потточка а.
Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Северна Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од договорот од Преспа.
За крај, Герапетритис ги повикува министерствата да ги информираат надлежните служби, организации, федерации итн, јавуваат грчките медиуми.