ПИЦУЛА ДО СРПСКИТЕ ВЛАСТИ: Кластерите не се отвораат со тупаници
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2024 17:21
Кластерите не се отвораат со тупаници, e пораката што известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула ја упати до српските власти.
Тој го осуди нападот врз лидерите на опозицијата Драган Ѓилас и Ѓорѓе Алексиќ синоќа во српскиот главен град Белград.
„Најостро го осудувам нападот врз Драган Ѓилас и Ѓорѓе Алексиќ! Јавниот простор не смее да биде полигон за насилство врз политичките противници. Кластерите не се отвораат со тупаници“, напиша Пицула на Икс.
Претседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП) Драган Ѓилас и неговиот сопартиец Ѓорѓе Алексиќ синоќа на улиците во Белград затекнаа луѓе кои лепат плакати против претседателот на ССП, по што дојде до тепачка во која беа повредени и двајцата опозиционери.
Лидерот на ССП вели дека групата ја предводел Лука Петровиќ, градскиот секретар за инвестиции и висок функционер на СНС, кој, како што вели, прв го удрил.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, упати тешки навреди кон Пицула и побара негова оставка поради неговата изјава дека остро го осудува нападот на членовите на Српската напредна партија врз лидерот на опозицијата Драган Ѓилас.
Брнабиќ ги оспори зборовите на Пицула дека станува збор за напад на Ѓилас, па го нарече „срам за Европскиот парламент“, „корумпиран“, „пристрасен“ и „политички мотивиран“ и го обвини за „грубо злоупотреба на положбата на известувач и тоа пред официјално да ја посети Србија за прв пат“ во тоа својство.
Таа изјави и дека „ги замолува сите“ од Европската унија, особено од шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре, да го погледнат видеото од синоќешниот инцидент.
„Само едно логично прашање: Господине Пицула, дали сте слеп или корумпиран? А слепи не сте. Како претседател на Собранието на Србија, очекувам оставка на господинот Пицула поради сѐ што покажа со оваа објава и на што предупредувавме претходно – затоа што е пристрасен, политички мотивиран и затоа што уште пред официјално да ја посети Србија за прв пат грубо ја злоупотреби функцијата известувач“, напиша Брнабиќ.
ЕУ има забелешки за Србија затоа што не воведе санкции за Русија.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




