19 Мај, 2024
0.0382

Грковска: Во борбата со корупцијата потребни се лица со интегритет

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

За функционирање на Законот за заштита на укажувачите потребни се храбри луѓе со интегритет, но и институции кои ќе ги заштитат. На укажувачите и овластените лица треба да им се обезбеди бесплатна правна и финансиска помош и поддршка, додека за негова поефикасна примена потребно е негово поблиско претставување на јавноста и бенефитите од неговото применување.

Ова го порачаа учесниците на работилницата: „5 години од имплементацијата на Законот за укажувачи. Значењето на овој закон во борбата против корупцијата“, која се одржа денеска во Скопје, во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, во своето обраќање порача дека за борба против корупцијата и за пријавување и укажување дејства кои се спротивни и не се во интерес на целокупното општество ни требаат храбри луѓе, да го пријават тоа, но и институции кои ќе ги заштитат и ќе бидат гарант за доверливоста на сите кои собрале храброст да пријават негативни појави.

-  Исклучително важно за сите функционери и особено за укажувачите е да имаме лица кои се со интегритет, во кој секој може да има доверба дека може да укаже на одредени појави, дека нема првиот момент откако ќе излезе од канцеларија да ги издаде кај претпоставениот и после укажувањето да има многу поголем проблем од претходно - изјави Грковска.

Според неа, за успешна имплементација на законот, неопходно е да имаме лица со доверливост и кредибилитет, кои целото свое работење ќе го подредат на она што се вика општествено добро.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска зборувајќи за имплементацијата на Законот во изминатите пет години, рече дека досега до ДКСК се примени 34-35 пријави, од кои во 26 не се потврдени наводите, додека во три имале солидна основа за постапување.

- Во еден од предметите, каде укажувачот е вработен во Јавното претпријатие за кое достави пријава, поради малиот број вработени директорот многу лесно можел да примети кој е укажувачот и лицето претрпе последиици. Овој укажувач, иако се докажа вистината изгуби две години и со се она што помина лицето во овој период не му паѓа на памет повеќе да пријавува - изјави Ивановска.

Ова, посочи Ивановска, не тера да мислиме како понатаму да го усовршиме системот и да ги охрабриме понатаму да пријавуваат.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека МВР освен правилникот за внатрешни постапување со пријавите, од неодамна има и ажурирана интерактивна веб-платформа за заштитено надворешни и внатрешни пријавување. За ефикасна примена на законот според него потребно е поблиско претставување на јавноста и бенефитите од неговото применување, и да се создаде добра перцепција во јавноста за тоа што се презема.

Претседателката на ТИ-М Слаѓана Тасева, во своето воведно обраќање рече дека денешната работилница има за цел после пет години отворено да се поразговара за тоа што е направено и што реално можело да се направи од донесувањето на законот, односно како подобро да се применува.

–  Законот е два пати менуван, и во 2018 и 2020 година. Вториот пат не ни се допадна измената, наместо да се зајакнат мерките за примена се намалија санкциите и не се применија правилата во прекршочна постапка, ако некој не го спроведување законот. На некој начин, државата како да даде сигнал дека и не мора баш да се применува и се намалија драстично санкциите за одговорните лица и институциите и тоа не беше добра порака - изјави Тасева.

Секако, посочи Тасева, не е се во санкциите, но треба да се покаже малку повеќе решеност дека ќе се применува овој закон.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје