05 Декември, 2025
0.0315

Гроздобер – шанса за сезонска работа

Објавено во: Агробизнис 09 Август, 2016 09:26

Добивај вести на Viber

При крајот на август голем број невработени претежно од ромската популација ќе заминат на гроздобер во Неготино, Кавадарци и во околината на Скопје.

И жителите на кумановската ромска населба Средорек раскажуваат дека кон крајот на месецов ќе отидат во различни краеви на земјата каде има сезонска работа. Во борба за егзистенција таму остануваат по месец или месец и половина зависно од тоа колку работа ќе има, а некои од сопствениците на лозјата им обезбедуваат и сместување.

„Сум била во Кавадарци месец и половина. Од гајба ме плаќале 20 или 25 денари. Се исплати да се работи и не е многу тешко. Има товарачи, тие се поплатени, земаат и по 1000 денари дневно. Сум била две - три години на сезонска работа да берам грозје и добро се заработува. Со парите кои таму ќе ги заработам, потоа комотно живеам барем два месеци. Има Роми кои и сега ќе одат на гроздобер, цел автобус, можеби педесет семејства или шееесет. Некои одат сами, а некои со семејство да работат“ - вели Силвана Мемеди од Средорек.

И младата Џејлан Исмаилова од истата населба вели дека била на гроздобер во Неготино и Кавадарци. Според неа, се заработува по 800 или 900 денари дневница зависно од тоа кој колку  е вешт и колку брзо работи.

„Се почнува наутро во 7 часот, а работиме до 15 часот или подоцна додека има работа. Тешко е, жешко е, но мора да се работи. Таму седам месец дена додека има работа, таму остануваме, спиеме“- раскажува оваа 23 годишна девојка.

Пензионерот Бајрам Рушитовски вели дека порано Ромите имаа можност да одат на сезонска работа во Србија, но сега оваа работа е послабо платена и се откажуваат од намерата или пак е потешко да поминат граница затоа што се јавува сомнеж дека сакаат да заминат во странство како азиланти.

За прибирање на родот во неготинско и кавадаречко покрај кумановци се ангажираат и голем број велешани.

С.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?