05 Декември, 2025
0.0399

Гроздоберот наближува, лозарите оптимисти

Објавено во: Агробизнис 02 Август, 2013 11:43

Добивај вести на Viber

За две до три недели во Тиквешијата, најголемиот регион за производство на грозје, ќе започне бербата на винското грозје, пишува порталот „Дума“. Лозарите се оптимисти дека новите винарии кои се изградија и се уште се градат, ќе им ги скратат маките со пласманот и дека квалитетниот род ќе го продадат без проблеми, но и ќе можат во разумен рок да го наплатат. Експертите во разговор за „Дума“ се децидни дека партнерски однос мора да има меѓу лозарите и винарите. - Сега имаме еден нов момент со приватните, помали винарии, со кои сум убеден дека ќе се створи една лојалност меѓу нив и лозарите, но со одредени производители, дисциплинирани лозари, а не лакоми. Мора да се понуди квалитет за да се добие и цена - вели проф. Д-р Ристо Вучков. Државата и понатаму се обидува да создаде ред во оваа дејност. Винарските визби за да откупуваат нови количини на грозје мора да го имаат исплатено грозјето од претходните реколти, но и да имаат баждиран мерач на шеќерни единици за да не им се кради од квалитетот на грозјето кое го продаваат лозарите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?