05 Декември, 2025
0.0563

Грозјето го сакаат, а не го плаќаат!

Објавено во: Агробизнис 11 Февруари, 2014 14:11

Добивај вести на Viber

Околу 600 илјади денари им исплатила до сега на лозарите од Кавадарци винаријата „Винеа“, а им должи уште околу 2,5 милиони денари. Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски денеска, третпат за неколку дена, мораше лично да се сретне со незадоволните лозари и со претставник на винаријата, во обид да го реши проблемот. Винарницата „Винеа“, која веќе неколку години должи за преземеното грозје, доби решение од Државниот инспекторат за земјоделство до 1 март да ги исплати сите лозари. „Најлесно беше да им одговориме на лозаропроизводителите дека ние не сме надлежни и дека треба да ја тужат винаријата, дека судовите тоа ќе си го средат. Но, ние не постапивме така. И дури не се решат проблемите, дури не се исплати до последно зрно, ние ќе ги користиме сите расположливи инструменти кои ни се на располагање како институции за да им помогнеме на производителите на грозје да си ги добијат парите кои ги заслужуваат“, нагласи заменик министерот. Исплатата на субвенции за 2013 година, за површините под лозов насад е започната, а законскиот рок за исплата е средината на 2014-та година, вели Коњановски.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?