19 Мај, 2024
0.0271

Грција е во шок од затворените банки

Објавено во: Балкан, Економија 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Грција се разбуди денес во шок од затворените банки, блокираните банкомати, атмосферата на секакви гласини и бран од конспиративни теории, раскажува „Ројтерс“.

Одлуката на Владата да распише референдум оваа недела за понудата на кредиторите (која веќе не е валидна), прекинувањето на преговорите со ЕУ, ЕЦБ и ММФ и последната одлука на ЕЦБ да не им дава нови пари за стабилност на грчките банки (помошта е забележана, но може да трае само уште 48 часа) ќе ја однесе Грција до работ на банкрот.

За да се спречи панично влечење на депозитите и одлив на капиталот, властите прогласија банкарски одмор до 6 јули вклучувајќи и ограничување до симболично 60 евра на ден влечење пари од банкоматите (министерот за финансии во секој момент може да ги промени овие параметри). До 1 часот на полноќ во среда треба да се најдат 1,6 милијарди евра, за да се направи плаќање кон ММФ. Ако тоа не се случи, започнува серија активности кои може да ја исфрлат Грција од еврозоната, а според некои аналитичари - и од ЕУ.

grcija banki 1

„Не можам да верувам. Се надевам утре кога ќе се разбудиме ќе биде се во ред, многу ми е тешко да не се грижам“, коментира 50-годишната Евгенија Геку додека оди на работа.

„Имам само 5 евра во џебот и мислев да си ја пробам среќата тука за малку пари. Вчера во нашето соседство редиците пред банкоматите беа предолги“, вели 58-годишниот Јанис Калаизакис. Водоводџија сепак стои беспомошен пред празниот банкомат во центарот на Атина. „Не знам што друго да ви кажам. Целосно е во неред“, ги пренесуваат грчките локални медиуми коменатрите на граѓаните.

Насловите и сликите на весниците по киосците ја одразуваат исклучителната ситуација.

„Драматични часови“, пишува „Нафтемборики“. Конзервативниот „Елефтерос типос“ го обвинува радикалниот лев премиер Алексис Ципрас, дека по само 5 месеци на власт го закажал референдумот, за да ја втурне земјата во политичка криза и предвремени избори, на кои се надева дека ќе победи.

„Одлуката да побара референдум и евентуално да ја извади земјата од еврозоната претставува предумислен прекршок. Јасно е дека Ципрас ја изгуби довербата на граѓаните. Тоа се гледа од редиците пред банкоматите и бензинските станици, ќе се види и на гласачките места во недела“.

Гласините за дефицит на горива испратиле илјадници возачи пред бензинските пумпи уште во неделата вечер. Енергетската компанија „Хеленик петролеум“ се обидела да ги смири потрошувачите со изјава дека располага со резерви за неколку месеци, но и додаде дека клиентите на рафинериите можат да платат „со сите дозволени по законот средства“.

Повторно поради гласините пред две канцеларии на приватната „Национална банка на Грција“ се оформија редици од пензионери кои слушнале дека во мај тука ќе даваат пензии. На крајот на месецот државата преведува пензии и плати на стотици илјади Грци, но денес пред чекањето во филијалите учтиво се вратени.

„Цел живот сум работел, само за да се разбудам утрово во овој кошмар“, вели сопственик на продавница, кој пристигнал да ја земе пензијата на жена му.

grcija banki 2

Иако има финансискиот шок, секојдневниот живот продолжува наизглед нормално. Продавниците, аптеките и супермаркети работат, а Грците се собираат по кафулињата и таверните за да разговараат за новата ситуација. Туристите чекаат пред парламентот за да ја видат промената на почесната гарда. Вечерва на плоштадот е свикан голем митинг на „СИРИЗА“.

Владата продолжува со познатото зборување. „До вторник, додека е во сила програмата, пари против реформи, тие нема да ни обезбедат потребната ликвидност за грчките банки со единствена цел да не уценуваат и тероризираат“, изјавил утрово за телевизијата „Antenna“ министерот за административна реформа Јоргос Катругалос.

„Ако гласаме со „да“, тие ќе ги уништат пензиите, ќе мора да плаќаат за лековите и во државните болници. Кога децата нема да можат да одат на училиште, ќе кажете „А, благодарам! “,а тие ќе ви одговорат „Вие тоа го сакавте“. Но ако кажете „Не“ ќе имате шанса да се борите за подобра иднина“.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс