Грција го демантира „Фајненшл тајмс“ за банкротот
Објавено во: Балкан, Економија 14 Април, 2015 13:09
Грција не се подготвува за банкрот, истото мислење го имаат и нејзините кредитори, изјавил грчки владин извор како одговор на написот во „Фајненшл тајмс“, според кој Атина се подготвува да прогласи банкрот по државниот долг, ако не може да постигне договор со меѓународните кредитори до крајот на април.
Изворот понатаму истакна дека преговорите продолжуваат интензивно, за да може да се најде заемно прифатливо решение и изјави дека „24 април ќе биде уште еден датум, на кој нема да се случи крајот на светот“.
ФТ: Грција се подготвува да прогласи банкрот, ако не се договори со доверителите
„Она што изгледа ги загрижи сите е дека грчката влада е решена да стави крај на политиката на штедење и да се стави на високо ниво агендата за прашањето за развој. Со нетрпение чекаме да ја видиме статијата која ќе ја напише „Фајненшл тајмс“ на 25 април“, изјавил високиот претставник на грчката влада.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




