07 Мај, 2024
0.0247

Грција го избра самоубиството!

Објавено во: Балкан, Економија 27 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Изненадувачки потег од Атина повторно ги сврте со главата надолу сите планови за спасување на Грција од банкрот. Со бесрамност, овој потег надминува сè што ЕУ го виделе во досегашната историја, пишува Бернд Ригерт.

Грчката Влада очигледно замислила самоубиство.

Премиерот Ципрас, кој очигледно цело време подмолно ги влечел за носот меѓународните кредитори, сега апелира до своите сонародници да го отфрлат компромисниот предлог на ММФ, ЕЦБ и ЕК, објавувајќи изненадувачки за сите, дека ќе има референдум за ова прашање.

Овој дрзок потег од негова страна и апсолутно нессотдветните зборови со кои ја најави својата намера, го надминуваат сето она што сме го виделе досега.

Европејците ги искривија и растеглија до бесконечност своите сопствени критериуми и правила, за да им обезбедат на хаотиците во Атина дополнително време и останување во еврозоната.

Европа е подготвена да фрла и нови пари во грчкото слетување без дно, за да се направат неопходните реформи. Јавно, сепак, сè беше бадијала!

Сега грчката влада ги гарнира навредите на адреса на странските кредитори со барање за ново средно финансирање на земјата до одржувањето на референдумот на 5 јули и за нови итни кредити, со кои ќе се задржат над вода грчките банкарски институции.

Повеќе дрзок обид за изнудување немало во целата досегашна историја на ЕУ! Таквото однесување е апсолутно неприфатливо за останатите земји од еврозоната, како и за германскиот Бундестаг!

Што ќе се случи ако грчкиот народ конечно ги отфрли предлозите на Европејците и на ММФ?  

Тоа несомнено ќе доведе до конечен банкрот на државата и нејзиното намалување од еврозоната. Кои ќе се последиците ако Грците ги одобрат европските предлози, покрај неподготвеноста на својата влада? Пак истите - бидејќи дури и наклонетите кон Грција кредитори нема да успеат да протуркаат каква и да била програма за заздравување на Грција, ако таа целосно неодговорна и несериозна влада остане на власт. Бидејќи за доделување на нови кредити ќе се бараат и итни реформи кои Владата на "Сириза" кои очигледно ги отфрла. А што ќе се случи, ако Европејците и ЕЦБ ги завршат помошните програми за Грција уште на 30 јуни и затворат тапата за понатамошна помош? Државата ќе банкротира, а малку подоцна неизбежно ќе го следат и нејзиното излегување од еврозоната.

Како и да гледаме, јамката околу вратот на Грција се затегнува уште посилно.

Грците го чувствуваат тоа и се обидуваат да ги спасат последните заштеди. Европејците кои навистина направија огромни компромиси, нема како да ги исполнат новите апсурдни барања од Атина. Кој не сака да му се помогне, ќе треба да се грижи за себе!

Британскиот премиер Дејвид Камерон е во право кога вели дека таков исход би бил најдобар за сите. Жедниот за власт Ципрас, исто како херој во некоја античка трагедија, е подготвен да ја повлече со себе целата земја кон пропаста. Слично хаотично излегување на Грција од еврозоната ќе биде скапо за доверителите - огромни суми ќе бидат еднаш засекогаш изгубени. Како член на ЕУ, Грција ќе има потреба од нова хуманитарна помош. И покрај сè, сум принуден - макар и со жалење - да кажам: "Доста беше! Време е за грексит!"

Пишува Бернд Ригерт

Обработка И.Р

Можеби ќе ве интересира

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“