Грција и кредиторите ја продолжуваат трката со времето
Објавено во: Балкан, Економија 25 Јуни, 2015 10:44
Уште во шест часот по средноевропски време во Брисел високите функционери ќе продолжат да бараат компромис меѓу Грција и нејзините кредитори. Во текот на ноќта кон 1 часот по 90-минутната седница завршил и последниот засега самит. Во него освен грчкиот премиер Алексис Ципрас учествувале и директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, претседателот на Европската централна банка Марио Драги, претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум и директорот на Европскиот стабилизационен механизам (ESM) Клаус Реглинг. Засега нема информации за исходот на средбата.
Преговорите за спречување на неликвидност на Грција удрија камен вчера, а министрите за финансии од еврозоната ја обвинија Атина дека одбива да направи компромис и покрај истекот на крајниот рок следната недела, по кој таа може да банкротира.
Диселблум дал исклучително кратка изјавата по состанокот. „Еврогрупата беше информирана за состојбата на преговорите меѓу Грција и институциите“, изјавил тој. „Се уште нема договор. Работата ќе продолжи во четврток од 13 часот во рамките на Еврогрупата, за да се подготвиме за седницата на Европскиот совет“.
Финскиот министер за финансии Александар Стуб изјавил претходно дека тој и неговите колеги имаат потреба од помошта на Грците. „Ќе видиме дали ќе имаме предлог утре наутро“, изјавил тој. За него особено важно е сега да се продолжи процесот на преговори. Пјер Московичи, кој исто така е член на Еврогрупата, освен дека е комесар за монетарни прашања на Европската комисија, изјавил: „Сакаме Грција да остане во еврозоната. Над тоа ќе работиме вечерва и утре“.
Распоредот сега изгледа вака: По 7 часа разговорите се на техничко ниво, во 10 часот повторно има средба на кредиторите со Ципрас, во 14 часот започнува седницата на еврогрупата, а во 17 часот започнува самитот на шефовите и влади. На седницата на самитот темата за Грција дури и не присуствува на агендата. Наместо тоа раководителите треба да дискутираат главно за бегалската политика и Велика Британија.
Во почетокот на неделата Атина претстави нови предлози за бараните од неа реформи, но кредиторите инсистираат за голем број на промени. Преговорите очигледно се комплицираат од фактот дека во средата Атина повторно се откажала од поголемиот дел од веќе договорените попусти.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




