19 Декември, 2025
0.0838

Грција излегува од еврозоната!

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 18:25

Добивај вести на Viber

Раководителите на двете водечки германски бизнис асоцијации велат дека не гледаат никаков начин Грција да остане во еврозоната по гласањето во неделата.

„Не, ние нема да можеме да го избегнеме“ (излезот на Грција од еврозоната), за „Ројтерс“ изјавил Антон Биорнер, шеф на Здружението на германските извозници, кога беше запрашан дали таканаречениот „Grexit“ е неизбежен.

Георг Фареншон, шеф на Здружението на германските штедилници, изјавил: „Со гласови“ Не „грчкиот народ се изјасни против основите и правилата на единствениот монетарен блок. Како последица Грција треба да ја напушти еврозоната“.

„Одиме во насока на „Grexit“. Еврогрупата најверојатно нема да се потчини за време на преговорите. Прашањето ќе биде она што ќе сакаат да го добијат Грците - колку големо ќе е приближно посакуваното простување на долгот“, смета и Јирген Михелис, главен економист на германската банка „BAYERNLB“. Според него Ципрас ќе се појави на преговорите со зголемена самодоверба поради резултатот од референдумот.

„Еврогрупата има избор - или да загуби лице, или да ризикува со „Grexit“ и на тој начин да влезе на непозната територија“.

„Ризикот од „Grexit“ значително се зголеми по референдумот. Можен е ужасен крај, наместо ужас без крај“, смета Холгер Шмидинг од „Berenberg Bank“.

Според него еврозоната тешко ќе дојде до договорк како и  грчка влада. „Кабинетот ќе се парализира така и економијата, и финансиските потреби на земјата ќе скокаат секој ден. Ова ги попречуваа доверителите да понудат нешто што би било доволно“.

Најверојатно сценарио по гласањето е излез на земјата од еврозоната, смета и главниот економист на „Commerzbank“ Јерг Кремер.

„Грција нема да добива никакви средства, на 20 јули нема да може да и плати на „ЕЦБ“ за државните хартии од вредност. Потоа следува „ЕЦБ“ да не ја зголеми горната граница за итни заеми „ELA“, а на грчките банки ќе им се заканува колапс“, вели тој.

Освен тоа за владата ќе биде тешко да се исполнат следните исплати на платите и пензиите. Во таква ситуација според Кремер на Атина нема да остане друг избор освен да се воведе нова валута, за да ја поврати способноста.

„Ова ќе биде де факто крај на членството во монетарната унија“.

Во неделата германскиот заменик-канцелар, министер за економија и лидер на социјалдемократите во Бундестагот Зигмар Габриел изјави дека „одржувањето на преговорите со Грција за нова спасувачка програма во создадената ситуација е тешка.

Всушност Владата во Атина ги уништи последните мостови, преку кои Европа и Грција можеше да постигнат компромис. При откажување од правилата на играта на еврозоната, кој се изразува со изјавата од мнозинството „не“ (на предлозите од меѓународните кредитори), преговорите за програмата едвај може да се замислат“, изјавил заменик-канцеларот на Сојузна Република Германија.

Претседателот на влијателниот германски економски институт „Ifo“ Ханс-Вернер Зин пак изјавил дека „откако Европскиот спасувачки механизам во петокот објави дека Грција е во банкрот и нема да има повеќе кредити за земјата, овој чекор треба да го преземе и ЕЦБ, со што ќе ја прекине помошта за земјата“.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен