25 Април, 2024
0.0720

Грција не постигна прелиминарен договор со кредиторите

Објавено во: Балкан 31 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Грција не успеа да постигне прелиминарен договор со ЕУ и ММФ за обновување на финансиската помош, бидејќи доверителите ги отфрлиле како недоволни предложените пред дена планови на новата влада во Атина.

Извор на „Ројтерс“ вели дека листата со реформи била повеќе нафрлување на идеи отколку конкретни мерки.

Ова го зголемува притисокот врз Владата на крајната левица и националистите да покажат вистинска волја и проекти за промени. Инаку за неколку недели Грција останува без средства, со кои државата може да ги извршува своите обврски.

Властите ги коментирале јаловите кругови на преговорите со т.н. Бриселска група со зборовите дека остануваат цврсто решени да постигнат договор врз основа на мерките кои нема да го нарушат економскиот раст.

Тоа не е неуспех, туку сигнал дека разговорите напредуваат бавно, додава друг извор за „Ројтерс“.

По првичната напнатост и губење на довербата меѓу двете земји, сега Грција и европските партнери се обидуваат јавно да покажат подобрување во односите.

Најсериозното несогласување за клучните прашања како реформата на пензиите и пазарот на трудот остануваат. Во понеделникот премиерот Алексис Ципрас уште еднаш изјавил дека нема да отстапи по прашања како намалување на платите и пензиите, масивно кратење на буџетските службеници и брза приватизација.

За утре е закажан конференциски состанок со заменик-министрите за финансии од еврозоната. Претставниците на земјите од групата на единствената валута велат дека грчките планови изгледаат несоодветни. Извор од ЕУ смета дека кредиторите се уште немаат листа на реформи, кои се очекувале од Атина.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)