Грција нема да добие пари од еврозоната во април?
Објавено во: Балкан, Економија 14 Април, 2015 20:00
Министрите за финансии на земјите од еврозоната најверојатно нема да донесат одлука за ослободување на траншата на Грција на средбата на 24 април во Рига.
Во литванската престолнина веројатно само ќе „се направи преглед на напредокот“ во преговорите со Грција, изјави во интервју за германскиот економски весник „Handelsblatt“ заменик-претседателот на Европската комисија и комесар Валдис Домбровскис. Според дипломатите од ЕУ единствено евентуално решение за доделување на средства може да биде донесено за време на следниот состанок на еврогрупата на 11 мај.
Причина за новото одложување е желбата од грчката страна да преземе реформи во пензискиот систем и пазарот на труд. Исто така недостасуваат сигнали од Атина за барањата од еврозоната за забрзување на процесот на приватизација. Домбровскис ја повикува грчката влада конечно да почне да дејствува по овие точки. „Очекуваме во Грција сигурна посветеност за реформите. Што е можно побрзо“, изјавил Домбровскис.
Со тоа се зголемуваат стравувањата дека Грција може да западне во состојба на банкрот. Последните медиумски шпекулации се појавија во вторникот, кога во својот весник „Financial Times“ објави дека грчката влада се подготвува да објави банкрот по државниот долг, ако не успее да постигне договор со доверителите до крајот на април. „Приближувањето е до крајот на патот. Ако Европејците не најдат пари од фондот за финансиска помош, нема да има алтернатива, освен обврските“, изјави за весникот претставник на грчката Влада, кој побарал анонимност.
На крајот на февруари Грција успеа да договори двомесечно одложување на долгот, во висина од 240 милијарди евра. Сепак Владата наскоро треба да и исплати на ММФ близу 1 милијарда евра: 203 милиони евра на 1 мај и уште 770 милиони евра на 12 мај.
Минатата недела претставници на еврозоната изјавија дека Грција има рок до 24-ти април, кога е средбата на Еврогрупата во Латвија, да подготви ревидитирана листа на реформи, кои може да ја отклучат последната транша од 7,2 милијарди евра заем.
Грција мораше да врати транша од 459 милиони евра кон ММФ на 9 април и покрај сомнежите дека нема да може да го направи тоа, земјата ја изврши исплатата навреме.
Според зборовите на премиерот Алексис Ципрас, Грција нема да може да ги исплати долговите без финансиска помош од Европската унија.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




