16 Декември, 2025
0.0313

Грција очекува стотици милиони евра годишно од „Турски ток“ по 2019-та

Објавено во: Балкан, Економија 10 Април, 2015 20:29

Добивај вести на Viber

Грција очекува да добие „значителни финансиски дивиденди“ од стотици милиони евра годишно со проектот за гасоводот „Турски ток“, кој е предвидено да испорачува природен гас од Русија по 2019 година, изјави грчкиот министер за енергетика.

„Гасоводот ќе донесе исклучително важни добивки за Грција, на прво место, поевтин гас и други приходи кои можат да се во износ од стотици милиони евра годишно“, истакнал министерот за енергија, Панајотис Лафазанис.

Лафазанис истакнал дека Атина очекува да добие значителни финансиски дивиденди од газопроводот по 2019 година, кога Русија ќе престане да испорачува гас за Европа преку Украина.

Потсетуваме дека во средата рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „Турски ток“ може да стане еден од клучните енергетски дистрибутивни центри на Грција во Европа. Според Путин, Атина може да заработи стотици милиони евра годишно од транзитот на гасот, ако се приклучи на проектот за гасоводот „Турски ток“.

Изградбата на гасоводот ќе биде спроведена од приватни компании од Русија, Грција и Европа и може да вклучува учество на грчката влада, истакнал Лафазанис.

Во декември 2014 година Москва најави укинување на изградбата на гасоводот „Јужен ток“, кој требаше да преминува преку Црното Море, за да испорачува руски гас преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија до Италија и Австрија.

„Турски ток“ ќе го замени „Јужен ток“, и ќе има годишен капацитет сличен на него - околу 63 милијарди кубни метри квадратни. Новиот гасовод ќе поминува под Црното Море и ќе излегува на турската територија, со што на турско-грчката граница е предвиден центар за понатамошна дистрибуција на гасот кон потрошувачите во Јужна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството