Грција подготвува контроверзeн план за 12 милијарди евра и големи отпуштања
Објавено во: Балкан 09 Јули, 2015 12:11
Реформите и планот на Грција може да вклучува 12 милијарди евра кратенки на трошоците и зголемување на даноците - со неколку милијарди евра повеќе од очекуваното, соопштуваат грчките медиуми, пренесува „Гардијан“.
Грчкиот медиум „Enikos“ забележува дека наместо да се забележи раст од 0,5% оваа година, месеците на несигурност и обложеност за речиси две недели контрола врз капиталот значи „рецесија од околу 3%“.
„Проценуваме дека мерките од 8 милијарди евра, кои Грција ги претстави за 2015 година и 2016 година ќе треба да бидат зголемени за 2 милијарди евра годишно, на тој начин се зголемуваат до 12 милијарди евра за две години“, пишува „Kathimerini“.
Премиерот на Грција Алексис Ципрас изјавил во кратката кампања пред референдумот дека ќе го отфрли пакетот за штедење во износ од 8-9 милијарди евра, а сега сака да спроведе програма која вклучува 12 милијарди евра намалување на трошоците.
Во исто време се истакнува дека француски експерти и помагаат на Атина да подготват реформи за да се добие меѓународна спасувачка програма.
Дописникот на „Гардијан“ во Грција Елена Смит информира дека грчката Влада се надева на француската врска во подготовката на програмата. Париз испрати тим од технократи, за да му помогнат на министерот за финансии на Грција Евклид Цакалотос да изготви нов предлог.
Сето тоа се прави одново, мерка по мерка. Тие ни нудат непроценлива помош, изјавил претставник на грчката влада.
Цакалатос кој се врати во Атина минатата ноќ, се состанал со премиерот Ципрас и други високи претставници на грчката власт, за да разговараат за новите мерки - микс од кревање на даноците, намалување на трошоците и административни реформи.
Во оваа фаза третиот спасувачки пакет ќе биде во износ од 52 милијарди евра, кој Грција сака да бидат распределен за период од три години. Грчки медиуми исто така информираат дека Меѓународниот монетарен фонд инсистира на поголем пакет - во износ од 60-70 милијарди евра. Доцна вчера „ММФ“ објави дека е потребно дополнително намалување на долгот, бидејќи не е одржлив и земјата ќе има потреба уште од надворешна финансиска помош.
Грција има краен рок до денес да ја претстави програмата за реформи, која треба да биде разгледана од министрите за финансии на земјите од еврозоната и во неделата од лидерите на ЕУ на вонредната средба на врвот.
Во меѓувреме грчките пензионери се собираат пред банкарски филијали, за да добијат дел од пензиите поради банкарската контрола. Секој пензионер ќе добие максимум по 120 евра.
Утринава, претседателот на Европската централна банка, Марио Драги предупреди дека решавањето на грчката криза ќе биде многу тешко.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




