16 Декември, 2025
0.0285

Грција вети дека ќе плаќа „до бескрај“, експертите се плашат од нови избори и договор со Русија

Објавено во: Балкан 06 Април, 2015 19:19

Добивај вести на Viber

„Грција има намера да ги извршува обврските кон сите свои кредитори до бескрај“.

По неформалниот состанок во Вашингтон со директорката на ММФ Кристин Лагард грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис се обиде да смири уште еден бран на стравови дека ќе банкротира и ќе падне еврото. Не беше јасно дали тој ја користи латинската фраза „ad infinitum“ саркастично, или едноставно ги помеша термините.

Лагард сепак со олеснување соопшти дека е задоволна од ветувањето дека ММФ ќе ги добие од Атина 460-те милиони евра од кредитот, чиј рок на достасување е во четврток.

„Враќањето на овој кредит е во интерес на Грција“, изјавила Лагард.

Варуфакис, кој синоќа соопшти во Министерството за финансии на САД, дека преговорите со кредиторите ќе продолжат до постигнувањето на „чесен договор“. Целта била тоа да биде што е можно побрзо, односно до следната средба на еврогрупата на 24 април, но „СИРИЗА“ нема да прифати услови за задушување на грчката економија. Самиот Варуфакис не мисли дека треба да си поднесе оставка.

Одолжените преговори ги прави нервозни во партијата „СИРИЗА“, посочил Варуфакис за „Гардијан“. И цитира дека европратеникот Костас Хрисогонос се плаши од предвремени избори, ако евентуалното договорот не им се допадне на тврдокорните струи во партијата.

„Договорот со Русија ќе ни помогне во преговорите со западните кредитори кои не сметаат за колонија“, изјавил министерот за енергија, Панајотис Лафазанис пред посетата на премиерот Ципрас во Москва утре.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството