Груби: На сите ни е јасно дека треба да го смениме името за влез во ЕУ и НАТО
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017 09:22
Изјавата на Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиска дебата дека сега е добра шанса за менување на името на државата, предизвика лавина реакции.
Некои го сфаќаат како директна реализација на албанската платформа, други како обид на албанската заедница да изврши притисок и повеќе да не чека за евроатлантската интеграција каде е јасно дека има само една голема пречка.
„Сите што сме тука знаеме, и не само ние, и Вашингтон и Брисел, знаеме дека ако Мaкедонија не го смени името во согласност со барањата на Атина, не може да направи вистински чекор кон ЕУ и кон НАТО. Името не може да го промени ниту ДУИ, ниту БЕСА, ниту пак ВМРО сами или пак СДСМ сами. За името треба сите заедно да постигнеме консензус и можеби ова е една добра можност, овие резултати во Собранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името“, изјави Груби за косовската телевизија КТВ.
Овие резултати во Сoбранието можат да овозможат решение за заокружување на спорот со името, вели Груби.
.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




