Груби се вселил во кабинетот на Рашковски: Прв пат вицепремиер презема простории на Генерален секретар на Влада
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2020
Артан Груби, прв
вицепремиер во новата Влада се вселил во кабинетот на генералниот секретар,
Драги Рашковски, велат извори на Фактор од Владата. Оттаму нагласуваат дека ова
е прв пат од 90-ттите години наваму, во просториите на Генералниот секретарјат,
односно кабинетот на Генералниот секретар на Владата да го земе вицепремиер.
Овие простории кои се наоѓаат во шестата кула во зградата на Владата се
најблизу до кабинетот на премиерот, кој се наоѓа во третата кула.
-Откако Груби си го зема кабинетот на Рашковски, а тоа беше веднаш откако беше назначен на функцијата прв вицепремиер, Генералниот секретар на Владата беше практично приморан да се исели и да оди во четвртата кула. Таму тој сега практично е во кабинетот на досегашниот министер без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, функција која е веќе укината, вели изворот на Фактор.
Истовремено, додава, дека отсекогаш кога се менувале гарнитурите во Владата, имало преземање на кабинети и преуредување по личен вкус на новоименуваниот функционер, но ова е прв пат, вицепремиер да седне во кабинетот на Генералнот секретар на Владата
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.