Груби: Тоа училиште ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско
Објавено во: Македонија 05 Март, 2020 16:47
На крајот, народот и правдата, секогаш извојуваат победа, пишува на Фејсбук Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, за преименувањето на училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, припадник на ОНА кој загина во војната во 2001 година.
Груби пишува дека училиштето во кое предавала мајка му, а тој учел и во кое сега таму се образуваат и неговите деца, конечно е 100 отсто албанско.
„Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец!“, пишува во дел од својот пост.Преименувањето на училиштата поттикна реакции. Екс премиерот Зоран Заев прво кажа дека тоа било незаконско, а ден потоа го смени своето мислење.
Генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари истакна дека менувањето на имињата на нелоклу училишта во Општина Чаир е смешен чин.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека за нив преименувањето на двете училишта во Чаир не направено на незаконит начин.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




