Груевски - Хан: Услови за избори има, за веродостојноста се одговорни сите
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со Јоханес Хан, комесар за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија. Според соопштението на владејачката партија, Хан и Груевски размениле мислење за актуелните политички случувања, изборите и мигрантската криза.
Двајцата констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11- ти декември. Груевски посочил дека изборите се единствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти.
„Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ принципиелно се придржува и го дава својот придонес во исполнување на политичкиот договор постигнат меѓу партиите“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.