Груевски: Бесплатно ин витро и за второ дете
Објавено во: Мои пари 05 Јануари, 2014 18:30
Бесплатно ин витро за второ дете стапува во сила овој месец, кое финански ќе го покрива државата.
- Ин витро за второ дете е проект кој го највивме минатата година, којшто многу долго го подготвуваме. До минатата година се одвојуваа 60 милиони денари, а веќе оваа година се предвидени 150 милиони денари затоа што се планира дека во првата година ќе има и малку поголем наплив за бесплатно ин витро за второ дете, рече денеска премиерот Никола Груевски.
Според премиерот ова е значајно за многу граѓани кои немаат средства самостојно да го финансираат, а го посакуваат.
- Излегуваме во пресрет на голем број граѓани, како што излеговме во пресрет со бесплатно ин витро за прво дете, така сега за бесплатно ин витро за второ дете. Минатите години се правеа по 800 ин витра годишно, во првите години по 1.500 ин витра за прво дете. Сега веќе за второ дете бројката ќе биде значително поголема, што значи дека ветеното практично веќе е во сила и средствата во буџетот се испланирани, додаде премиерот Никола Греувски.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




