Груевски брза со избори, Берлин бара мандатот да и се даде на СДСМ
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 19:37
На денешната средба која што ја имаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, Никола Тодоров и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски со Кристине Алтхаузер амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Германската амбасадорка изразила изненадување зошто се бараат брзи избори.
Она што е потребно е да се даде мандатот на втората по големина партија во Македонија, на што Груевски запраша дали тоа е нејзина сугестија, по што германската амбасадорка се изјасни дека тоа е онака како што во моментот се гледа во Берлин.
Груевски на средбата истакнал дека со разговорите за коалицирање со ДУИ им се потврдил сомнежот кој го имале дека таква една Влада со таков распоред на сили во парламентот тешко ќе функционира и сега се поубедени во тоа. Изразил жалење што некои партии имаат страв од избори, но ВМРО-ДПМНЕ нема таков страв од соочување со граѓаните и дека има многу примери во светот од такви брзи избори. Груевски истакнал дека ако е така напишано во Уставот, тогаш не би имале против друг да го добие мандатот.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




