Добивај вести на Viber
Економијата во Македонија закрепнува , економските трендови одат во позитивна насока, истакна денеска премиерот Никола Груевски според кого растот на индустриското производство три месеци по ред укажува дека работите тргнуваат во добра насока. Ваквиот раст за Груевски исто така е показател дека може да се остварат проекциите на Владата.
„Може да се каже дека тоа е еден позитивен тренд, кој што укажува на закрепнување на македонската економија, што се надевам дека ќе продолжи, иако тоа е во голема зависност од случувањата во ЕУ и во еврозоната. Меѓутоа, иако таму се уште се соочуваат со крупни проблеми, сепак, мерките што се преземаат, активностите за привлекување нови инвеститори кои отвораат нови фабрики, даваат одредени резултати и веќе имаме едно побрзо закрепнување отколку во ЕУ. Тоа е добар сигнал“, изјави премиерот кој годинава очекува дека ќе биде остварен планираниот раст.
Според Груевски добар знак е тоа што буџетот се полни според очекувањата, пто според него значи дека работите годинава почнуваат да се стабилизираат од ударот на европската должничка криза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.