20 Декември, 2025
0.0696

Груевски и Спасов делеа пакетчиња во Домот за деца без родители

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2013 20:47

Добивај вести на Viber

Со новогодишни пакетчиња, облека и шпорет, премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов им ги честитаа претстојните празници на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Децата пак им подготвија претстава, за да им се заблагодарат што дошле. Премиерот им посака здравје и успех во наредната година,  а Спасов, рече дека грижата за овие деца е приоритет. Тој ги спомена и проектите во таа насока. „Изминатиот период се спроведуваа голем број проекти насочени кон зголемување на поддршката на овие деца, како што е Програмата Д 10 преку која само годинава се вработени 83 лица кои имале ваков статус до својата 18 година во државните институции, а се зголеми и финансиската поддршка за децата кои го продолжуваат своето учење односно се запишуваат на факултет, постдипломски магистарски па дури и докторски студии од 24 илјади денари месечно“,посочи министерот. По напуштање на Домот, децата добиваат помош од 180 илјади денари ште за неколкупати повеќе од претходно, порача Спасов. Сите проекти покажуваат дека се води грижа за овие деца, дека не се оставени на маргините на нашето општество, заклучи тој.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии