20 Декември, 2025
0.0640

Груевски: Идните судии и јавни обвинители треба да бидат отпорни на секакви притисоци

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2013 19:08

Добивај вести на Viber

Откако го поминаа приемниот испит, стручен тест, тест за интегритет , но и психолошки тестови, започна двегодишната обука за 13 кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители. На почетокот на Академијата свои обраќања имаа премиерот Никола Груевски, министерот за правда Блерим Беџети, а присутни беа видни лица од правосудството, како и евроамбасадорот Аиво Орав. Груевски на присутните им порача да учат и да се изградат идни судии и јавни обвинители кои ќе го имаат потребното ниво на знаење и интегритет за, како што рече,  да ја спроведуваат правдата исклучително врз основа на законите и на правото. Им порача да бидат отпорни на било какви притисоци, влијанија или самоограничувања и непристрасно да ги штитат интересите, правата и слободите на граѓаните. „ Еден од приоритетите на системот треба да биде создавањето на квалитетен кадар во судството и обвинителство кој ќе поседува знаење и вештини, но пред се интегритет и самосвест за достојно и ефикасно извршување на својата функција. Со тоа ќе претставува вистински чувар на правната сигурност на граѓаните целосно ставајќи се на страна на правото и доследно спроведувајќи го начелото на законитост и слободно судиско убедување“, истакна Груевски. Министерот за правда пак посочи дека почетната обука досега ја завршиле четири генерации, завршиле 80 кандидати од кои 71 се веќе избрани. За преостанатите девет кандидати,  се бараат места во судовите и јавните обвинителства во Република Македонија, рече Беџети. „Почетната обука е особено значајна бидејќи со неа се зголемуваат професионалните капацитети на судиите и јавните обвинители. Таа е еден од клучните сегменти кои се директно поврзани со независноста на судството и професионалноста на судиите“, рече Беџети. Евроамбасадорот Аиво Орав порача дека независното судство е едно од клучните барања за исполнување на критериумите за членство во ЕУ на секоја од земјите кандидатки. „Владеењето на правото е во сржта на процесот на проширување. Тоа значи дека сите земји кандидатки треба да се справат со прашања како што се судски реформи, борба против организиран криминал и корупција уште на почетокот на процесот на пристапување“, рече Орав .

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии