05 Декември, 2025
0.0895

Груевски ќе ги прими лекарите на разговор, но нема да ја менува платата по учинок

Објавено во: Економија 09 Декември, 2012 19:36

Добивај вести на Viber

Премиерот ќе разговара со лекарите, но нема намера да го менува моделот за плата по учинок. Тој смета дека моделот е добар, а лекарите кои штрајкуваат според него биле политички мотивирани. „Може да штрајкуваат со месеци, со години, ние не им го оспоруваме тоа право. Ама мора да најдеме начин да се справиме со уцените кои се почесто ги слушаме од одредени поединци“, вели Премиерот Никола Груевски. Според него проектот за плаќање по учинок треба да им помогне на лекарите кои посветено и одговорно ја вршат својата работа, а да ги охрабри оние кои работат непрофесионално да биле по посветени на својата работа. „Мислам дека пректот доби подршка и од голем број лекари, но дел од нив само дел, очигледно политички мотивирани пред изборите, го користат проектот за дисквалификација на реформите во здравството заборавајќи дека токму оваа влада вложи најмногу во здравството“, изјави Груевски. Од Самостојниот синдикат на клинички центри повеќепати ги отфрлуваа обвинувањата дека се политички мотивирани. Тие уште еднаш појаснија дека не се работи за мала група лекари туку зад штрајкот стојат повеќе од 1400 лекари од целата земја, независно од нивната политичка определба или националност. Според нив, вчерашниот контрапротест бил резултат на партиски притисоци, а заедничкото за сите 90 луѓе собрани вчера пред Министерството за здравство била партиската книшка во ВМРО-ДПМНЕ, пишуваат во денешното соопштение. Штрајкот на лекарите трае 25 дена. Вчера за првпат имаше и контрапротести, кога за време на нивниот протестот пред Владата со кој лекарите специјалисти побараа корекција на платите и укинување на платата по учинок, друга група протестираше пред вратите на министерството за здравство со спротивно барање да не се менува новиот модел за исплата на докторските плати во јавното здравство.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата