19 Декември, 2025
0.2831

Груевски: Народот референдумски ќе излезе и ќе гласа за победа

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016 18:14

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва од Демир Хисар порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 11 декември, затоа што граѓаните референдумски ќе излезат и ќе дадат поддршка. 

Вели дека причина за тоа е што ги реализираат сите проекти кои ги ветиле. Смета дека СДСМ ќе биде казнет од народот заради кризата. 

„Деновиве зборуваат дека ќе изгубат, ама со малку, со 7-8 пратеници и ќе влезат во некоја широка коалиција. Таа приказна им ја кажуваат на своите членови бидејќи се во депресија. Ќе изгубат и тоа со голема разлика. Ја слушнавме, заврши оваа недела и приказната за фантомски гласачи. Таа приказна траеше една година. Пред два дена излезе ДИК во која тие имаат доминација, за да ги убедиме да излезат на избори, за да ја држат земјата во заложништво. Заев излезе со бројка од 150.000 па намали на 50.000“ - вели Груевски. 

Антонио Милошоски, носител на листа во изборна единица 5 вечерва на митингот во Демир Хисар порача дека лесно е да се лаже, но тешко е да се работи.  Вели дека во времето на СДСМ невработеноста била 38%. 

„Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, со многу труд, напор, успеавме невработеноста да ја спуштиме на 24%. Во наредните 4 години ќе настојуваме да отвориме нови 70.000 работни места. Не ни требаат нови Устави, службени јазици“ - рече Милошоски. 

Порача дека СДСМ го лаже свесно  својот народ. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки