Груевски нема да ужива повеќе во имунитетот, ама платата ќе му легнува на сметка
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2018 06:42
И официјално пратеникот во бегство Никола Груевски повеќе нема да ужива во пратеничкиот имунитет.
62 пратеника беа „за“ одземање на имунитетот на Груевски на пленарната седница, без расправа.
Препораката од надлежната комисија беше прифатена а сопартијците на бегалецот и пратеници од ВМРО ДПМНЕ не присуствуваа на седницата .
Тие не беа дел ниту од седницата на која претходно Комисијата за мандатно-имунитетски прашања одлучи да предложи одземање на имунитетот на Груевски.
Сепак, Груевски го има мандатот со кој пратеникот стекнува права и должности утврдени со Уставот, закон, Деловникот на Собранието и со други прописи и општи акти. Пратеникот не може да биде отповикан од функцијата, но може да му престане или да му биде одземен мандатот пред истекот на времето за кое е избран.
На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран: ако поднесе оставка; ако е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години; ако настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник; ако му престане државјанството на Република Македонија; ако со правосилно решение биде лишен од деловната способност и во случај на смрт. На пратеникот може да му биде одземен мандатот, кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци.
Груевски е осуден на две години затвор поради купување на блиндираниот мерцедес за потребите на владата, а против него се покренати уште три судски постапки, кои , како што одлучи судот . ќе продолжат а одлуката ќе биде донесена во отсуство.
Што велат Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците
Во членот 64 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.
Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.
Во врска со имунитетот на пратениците во собранискиот Деловник, поконкретно во членот 53 од Деловникот, се пропишува дека пратеникот ужива имунитет од денот на верификацијата до денот на престанокот на мандатот.
Согласно со Уставот, пратениците уживаат два
вида имунитет: неодговорност на пратеникот
(материјален или суштински имунитет) и
неповредливост на пратеникот (процедурален
имунитет). Заедно, овие два вида имунитет ја
обезбедуваат слободата на пратеникот во
вршењето на пратеничката функција и
независноста на претставничкото тело во
вршењето на законодавната власт.
Неодговорноста на пратеникот значи неможност пратеникот да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење, или за гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




