18 Декември, 2025
0.0510

Груевски: Новата Влада сака да го присвои новиот автопат како свој проект

Објавено во: Македонија 21 Април, 2018 12:03

Добивај вести на Viber

Никола Груевски пред свеченото отворање на новиот автопат Демир Капија - Смоквица, кој треба официјално да биде пуштен в понеделник, реагираше дека актуелната Влада сака проектите на претходното раководство да ги претстави како свои.

„Еден таков проект е градбата на нов автопат, автопатот Демир Капија – Смоквица, во должина од 29 км, инвестиција над 200 милиони евра. Автопатот комплетно беше завршен во мај 2017-та. Преостануваа две работи: изградба на контролен центар и преместување на еден далновод. Тоа е отприлика работа за еден месец. Ако имаш слаба влада, еве да речеме дури и три месеци. Во најлош случај, ова требаше да е готово и автопатот пуштен во употреба на крајот на август 2017-та. Досега по него ќе поминеа над 3 милиони возила. Олеснување и за товарните возила и патничките автомобили и за туризмот и за се. Но, не. Под разни измислени изговори, владата го пролонгира отворањето, за да кога Заев, Анѓушев и Сугарески ќе ја пресечат лентата, нацијата да има перцепција дека нешто и тие изградиле“, коментира поранешниот премиер и екс-претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски реагира и за новиот објект на Кривичниот суд во Скопје, каде што деновиве се одвиваат рочиштата за предметите на Специјалното јавно обвинителство.

„Готов неколку месеци пред смена на власта, но течеше тендер за некоја додатна опрема. Во најлош случај требаше да е готово во август 2017-та.. Го отворија пред две недели на почетокот на април 2018-та. Нормално, заменик министерот за правда од СДСМ, со сдсмовската постава на судии полни со себе, онака со чувство како да нивната партија вечно ќе е на власт, го прикажаа на начин да се добие перцепција како да минатото лето почнала да се гради зградата и еве сега ја отвораат. Па им се вклучи алармот, кој до ден денес не е исклучен, бидејќи ниту знаат да го исклучат, ниту е некој заинтересиран. Пишти дење и ноќе, троши струја, ама кога државата плаќа, нема проблем. Не знаат да вклучат ниту парно греење. Важно помина сликањето и меракот тие кои ја изградија да ги видат како во неа влегуваат обвинети во политичките процеси кои ги водат. А не се свесни, со ваквото нивно незаконско работење на секој чекор, дека брзо ќе дојде денот, кога ќе се сменат улогите на тоа кој влегува таму како обвинет.“, пишува Груевски.


Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција