Груевски од Неготино: Граѓаните се газди на оваа земја и тие ќе одлучат кој ќе ги води
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2016 20:55
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва од Неготино повторно го обвинуваше својот опонент дека заговара двојазичност, кантонизација и редефинирање на државата.
Тој нагласи дека победата на ВМРО-ДПМНЕ која следи на 11 декември, ќе биде порака не само до локалните политичари кои знаат да се стават на располагање на некои други од горе како што викаат тие, туку ќе биде порака и за тие од горе, и на нив да им се прати порака, дека во оваа држава тука, газда на оваа земја е народот на оваа земја, граѓаните на оваа држава.
Груевски рече дека ова биле историски времиња но дека изборот е многу едноставен.
Вие знаете дека треба да ја одберете Македонија и да се прати порака дека не може да се инсталираат политичари, туку народот треба сам да одучи кој ќе го води, порача Груевски.
Народот, додаде, ќе ја одбере Македонија и политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија која продолжува да се движи напред кон ЕУ, НАТО и економски просперитет.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




