20 Декември, 2025
0.0552

Груевски: Одиме заедно напред во нова победа

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2016 21:05

Добивај вести на Viber

Никола Груевски го одржа главниот говор на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери во Скопје на кој порача дека ќе продолжат со реформите и ќе работат за доброто на државата, а најпрво им се заблагодари на гостите од странство кои му дадоа поддршка.

– Сакам овој голем митинг да го започнам со изразување на голема благодарност на нашите пријатели од меѓународната заедница, министерот за надворешни работи на Австрија и потпретседателот на Европската народна партија, кои дојдоа тука денес заедно допатуваа да ни изразат поддршка во пресрет на овие избори и заедно да докажеме дека Македонија има европска перспектива, и дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО, и да им покажат на сите скептици дека заеднички можеме тоа да го сториме, Македонија да оди напред и да почне една нова ера за нашата држава.

Груевски им се заблагодари и на сите предводници на коалиционите партнери.

- Сакам да порачам, продолжуваме заедно напред после новата голема победа на овие избори која ќе ја добиеме, продолжуваме со реформи и силно темпо во новото историско време пред нас да работиме сплотено за интересите на нашата држава и народ, за интересите на нашите граѓани, рече Груевски.

Груевски ги потсети присутните на големиот митинг од 18-ти мај на истото место.

– Сигурен сум, се сеќавате на нашиот огромен митинг на 18-ти мај на истото ова место, митинг според многумина прогласен за најголем во историјата на државата, кога реки народ од сите страни на државата и главниот град доаѓаа кон ова место, горди и со високо кренати глави. Сите тие луѓе дојдоа тогаш со една работа во своето срце – љубов кон државата! Знаејќи јасно што е што, и кој е кој, што и се случува на државата и свесни дека од секој од вас зависи во каква насока ќе оди државата! Свесни за неправдите, но и сигурни во тоа во што сите ние и сите вие верувате! Просперитетна Македонија, земја на напредок и реформи, држава на соживот, земја без кризи туку со решенија и со одење напред, порача Груевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки