Груевски: Одредени градоначалници на ДУИ треба да се плашат за локалните избори
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017 21:10
За пропаѓањето на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Груевски како едни од виновниците ги посочи дредени градоначалници кои се плашат како ќе поминат на изборите и смета треба да се плашат бидеќи лошо сработиле. Сега во албанскиот електорат е модерно да си против ВМРО-ДПМНЕ и дел од членовите на ДУИ ја прифатија таа политика.
Груевски практично и не беше прашан, туку од уредничката Билјана Василева Трендафилова беше констатирано дека ништо лошо не им направил на Албанците.

- Црната слика за мене и ВМРО-ДПМНЕ наводно против Албанците ја создаде Сорос преку неговите медиуми и невладини организации. Можеби наша вина е што не вложивме доволно енергија во негирање на сите лаги и обвинувања. Албанците знаат дека со нас и нашите капацитети може да направат многу добри нешта за своите граѓани, тоа го почуствувале и ДПА и ДУИ со кои сме биле во коалиција. Сме прифатиле и многу тешки барања кои биле неприфатливи за нашите гласачи, но тоа што сме го ветиле сме го исполниле. СДСМ може само да ветува, а што ќе исполни никој не знае, затоа и сега им бараат писмени гаранции, рече Груевски во интервјуто за ТВ Нова.
Исто така екс премиерот рече ако сега некој дојде и му побара да се почитува принципот победник со победник ќе го избрка од штабот. Инаку т.н. Мајски договор не е потпишан туку е начелно прифатен од двете партии.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




