ГРУЕВСКИ ОСТАНАЛ ВО ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Еве кои се причините за тоа
![](/media/main/2023/11/20231102224135.png)
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023
Екс премиерот на Македонија, Никола Груевски, не престанува да ја бранува јавноста.
Овој пат тој се огласи за проблемот со возовите во земјава.
Од 25 октомври се укинувале по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе останал само по еден пар возови дневно. Претходно уште во јануари патничките возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје не сообраќаа заради немање машиновозачи и влезни средства и до денес нема сообраќај иако во јуни годинава се вработиле 40 машиновозачи.
Претходно, во мај 2021 година беа укинати возовите на релациите Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Во 2021 година беше укинат и брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје, а од 2018 година не сообраќа ниту експресниот воз Скопје-Битола-Скопје. Граѓаните веќе неколку години не можат да патуваат со воз и на релацијата од Скопје кон Белград и Солун. Историјата на Македонски железници не познава толку мал број на поаѓања на возови во домашниот железнички сообраќај што некогаш претходно бил организиран од државната железница.
Во септември годинава неколку недели и товарниот сообраќај беше запрен. Возови се заглавуваат во тунели и тоа е тема во земјата со денови во недостиг на други теми.
Близу 1000 луѓе работат во ЈП Макеоднски железници.
Македонија е веќе слепо црево на Балканот во однос на железницата. Однадвор личи како некоја територија која мора да се заобиколи, а најчесто такви се тие кои имаат војна или други високо безбедносни ризици. Во овој сегмент Македонија по само шест години власт на СДСМ е девастирана, пропадната држава. Веќе нема земја ни во регионот, а уште помалку во Европа со која може да се споредуваме, па споредбата е можна само со дел од земјите на континентот Африка.
Претходно во 2015 година се набавија 150 нови вагони од различни типови за товарен превоз во вредност од 15 милиони евра, што по инфлацијата е над 21 милион евра. Се реновираа два дизел моторни возови за патнички превоз во 2012-2013 година, како и реновирани 10 вагони за патнички превоз во истиот период.
Се изгради пруга, односно се направи оперативна пругата од Битола до Кременица (Р.Грција) чии рок на завршување требаше да биде во втората половина на 2017 година но со доаѓањето на новата власт се одложи за 2-3 години. За проектот беа предвидени околу 19 милиони евра кои сега по инфоацијата се како 27 милиони евра, но претпоставувам со доаѓањето на новата власт тоа е повеќе. Направивме и темелен ремонт на делницата Ногаевци - Неготино, 31 км за да може да се вози со 120 км на час, инвестиција од околу 10 милиони евра, што по сегашна вредност е околу 14 милиони евра.
Воведовме електронски систем за следење на вагони и електронски товарен лист како и ЕПР во ЈП Макеоднски Железници-Транспорт за поефикасна комуникација со клиентите како и поголем квалитет на услугите во товарниот транспорт.
Се реновираа работилниците за одржување на железничките возила за што се вложија 2.3 милиони евра.
Планот беше градба на нова едно- електрифицирана железничка линија од Кичево до Лин, граница со Албанија и еден крак до Охрид. До каде стигна ова денес во ноември 2023 година? До никаде.
Бесплатно патување на млади лица (до 27 години) секој трет викенд во месецот (петок, сабота и недела);
Попуст од 50% на билети за ученици и студенти (до 27 години);
Бесплатно пативање на студенти секој четврток;
Голем дел од овие привилегии беа укинати понсмената на власта.
Подготовка на студии за развој на стратешки мултимодални транспортни јазли. Во периодот април 2012-април 2014 година, се изработи студија кофинансирана од ИПА-фондовите, во која се утврдени најповолните локации за изградба на мултимодални јазли на територијата на Македонија и тоа: Бунарџик и Кичево. Вредноста на проектот беше 1,1 милион евра…
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат
![](/media/main/250x170/2024/05/20240521115038.png)
ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703202223.jpg)
ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони
![](/media/main/250x170/2024/05/20240502103501.jpg)
ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703173956.jpg)
СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703180256.png)
ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703163632.jpg)
ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална
![](/media/main/250x170/2024/05/20240508193027.jpg)
Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703135438.jpg)
„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703134810.jpg)