Груевски: Подготвени сме за победа која ќе обезбеди стабилност
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со коалиционите партии во коалицијата „За подобра Македонија“ пред кои кажа дека како партија и како коалиција се подготвени во секој поглед.
Вели дека програмата веќе ја привршуваат, последните работи се прават деновиве и таа ќе се затвори.
„На терен сме максимално присутни во комуникација со граѓаните и сите оние други работи кои се потребни за една изборна кампања ги подготвуваме и се во една динамика која ги исполнува сите потребни рокови. Денешната средба беше една од нашите редовни средби на кои разменувавме информации, мислења и гледишта за некои работи, усогласуваме одредени работи за тоа како понатаму да ги спроведуваме. Од тој аспект можам да кажам дека сме подготвени за една силна, за една голема победа. Победа која ќе обезбеди стабилност на Република Македонија, победа која ќе обезбеди економски просперитет за народот, за граѓаните на Македонија независно на нивната етничка или верска провиненција“ - рече Груевски.
Вели дека победа ќе овозможи Македонија да излезе од оваа криза и да продолжи по патот на економскиот просперитет, по патот на зачленување во НАТО и ЕУ.