ГРУЕВСКИ ПОВТОРНО СЕ ЈАВИ: Прашува зошто запре проектот „Купи куќа, купи стан“
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023 06:30
Екс премиерот повторно се јави. Овој пат потсети на неколку проекти што се реализираа во времето кога тој беше премиер, а кои се однесуваа на стекнување со имот на граѓаните.
„“КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН”, “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ ДО 35”, “КУПИ КУЌА ЗА НАД 36”, кофинасирање на владата кон општините на комунална ИНФРАСТРУКТУРА за градење куќи меѓу 75% и 90%, приватизација на ДВОРНО МЕСТО по 1 евро квадрат
Каде се пренасочија парите кои беа одредени за оваа намена?
Има ли поважна работа да им се помогне на граѓаните да си обезбедат сопствен стан или куќа? Да им се овозможи на општините во новите населби со куќи да изградат, улици, водоводи и канализации.
1.Вработување и отворање нови работни места,
2.Обезбедување живеалиште, куќа, стан и поволности за тоа и
3.Создавање подобри услови за повеќедетни семејства.
4. Полесно купување возило;
Со оглед дека за отворањетото на нови 182 илјади работни места и растот на бројот на вработени во земјата од 560 илјади на 742 илјади пишував претходно, па фокус на овој текст нема да е на тоа. Со оглед на огромната невработеност која ја наследивме, највисока во Европа, ова беше цел од највисок приоритет.
Најпрвин во делот на помагање на граѓаните да купат живеалиште започнавме со овој проект.
Со проектот „Купи куќа, купи стан" им се овозможи на граѓаните под најповолни услови и на полесен начин да дојдат до сопствен дом.
Се одобрија над 30 милиони евра субвенционирани станбени кредити на приближно 1000,лица, за кои вкупните одобрени субвенции за двата модела изнесуваа над 6 милиони евра.
Се намалија каматите, и тоа, во првите три години наместо 4,9% каматната стапка изнесуваш до 3,95%, а во четвртата и во петтата година наместо 5,5% каматната стапка изнесува до 4,44%. Ова придонесе да се зголеми интересот за проектот при што само во 2015 година се одобра 340 одлуки за субвенционирање на станбени кредити.
Значајно е што во тоа време проектот придонесе за намалување на цените на становите кои се нудеа на пазарот на недвижности, додека банките ги намалија каматните стапки за станбените кредити за 3-4 процентни поени, со што истите се беа ја историски најниското ниво од околу 3%, што беше добра можност граѓаните да го решат станбеното прашање.
Младите можеа да изберат од 2 модела и им се даваше можност да добијат НЕПОВРАТНИ СРЕДСТВА за да изградат или купат нова куќа, или доградба или надградба на куќа.
Првиот модел предвидуваше исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години, од кои во првите осум години Владата превзема обврска да субвенционира 80% од месечната рата, а во следните три години 50% од ратата. Субвенцијата за овој модел можеше да достигне до 33.000 евра за максимален кредит од 50.000 евра, што револаризирано по денешни цени после инфлацијата е околу 46.000 односно 70.000 евра.
Вториот модел предвидуваше исплаќање на субвенција во висина од 100% од средствата за учество во кредитот за стекнување со куќа, односно до 12.500 евра за максимален кредит од 50.000 евра, што револаризирано денес би било 17.500 и 70.000 евра.
За жал промената на власта во 2017 година остави голем број проекти не реализирани бидејќи нивата власт не сакаше да подржи ваков проект.
Така на пример во ново изградената населба ЈАКА во општина Илинден, продажбата на многу парцели беше завршена, дел од беа почнато да се градат, а новата власт ги скрати предвидените пари во буџето кои требаше да се префрлат на општината за да ги извадат улиците, канализацијата итн таму. И ден денес луѓето таму се движат на калливи улици.
Заради повеќе цели, а пред се можност за доградби и надградби на куќи, овозможивме граѓаните да можат да го откупат дворното место на индивидуалните куќи и станбени згради по симболичната цена од 1 евро за квадратен метар. Проектот беше исклучително популарен кај граѓаните поради што рокот за приватизација го продолживме неколку пати и заклучно до 15 декември 2014 година беа поднесени над 300 илјади барања за откуп на дворно место. Најголем дел од предметите се решија во полза на граѓаните пред смената на власта.
Овој нов проект кој го предвидовме во изборната програма во 2016 година е наменет за лицата со наполнети 36 години и над 36 години, а кои сакаат да дојдат полесно до сопствена куќа.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




