Груевски се пофали на Фејсбук - И кога е тешко ги реализираме ветувањата
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 15:25
Екс премиерот Никола Груевски ја искористи можноста да се пофали на Фејсбук со започнувањето на изградбата на гасоводна мрежа од Неготино до Битола и притоа да наведе дека без оглед на политичката криза дадените ветувања се реализираат.
- Република Македонија од својата самостојност до денес се соочува можеби со еден од најчувствителните периоди, важни за нејзиното понатамошно функционирање и постоење. Народот и сите граѓани покажуваат исклучителна зрелост и го препознаваат моментот кога треба да се одбрани суверенитетот и нејзиниот граѓански карактер. Дури и во овие мигови на исклучителна сложеност на работите ние продолжуваме да работиме и да го исполнуваме ветеното за граѓаните.
Можам да објавам дека во тек е градбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола кој е капитален проект за илјадници граѓани и е во должина од 92 километри и вкупна вредност од 37 милиони евра. Овој гасовод ќе биде готов за околу 2 години, а во напредна фаза е и изградбата на гасоводот Штип – Неготино кој ќе биде готов до крајот на оваа година. Веќе е познато дека се работи и на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. Со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола ќе се обезбеди гас за илјадници домаќинства. Тоа значи заштеда на семејните буџети преку добивање на исплатлив енергенс, стимулација и можност за поголема добивка на бизнис секторот, како и корист за земјоделските оранжерии кои ќе можат да го користат гасот по поевтина цена. Меѓудругото, гасификацијата е и значаен фактор за намалување на загадувањето на воздухот, објави Груевски на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




