19 Декември, 2025
0.0452

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од прегласувањето

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 17:51

Добивај вести на Viber

Со химната на Македонија, бакли и аплаузи лидерот на ВМРО ДПМНЕ е пречекан пред седиштето на ДИК каде што се собрани и веќе трет ден ја „бранат“ победата неговите поддржувачи. 

Во позадина се слушаа и петарди, а протестантите извикуваат Никола, Никола.

„ДИК, донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот.

Работата на оваа институција се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на странски претставници со цел влијание на некои од членовите на ДИК, а во правец на пост изборен инженеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните.

Некои од независните членови на ДИК не се независни. Незаконските одлуки може да ги корегриа Управниот суд. Да не се врши притосок на судот од никого.

Доколку и тој подлегне на влијанијата од страна и ги потврди одлуките на ДИК со тоа се потврди и се фалсификува победата на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна во своето обраќање лидерот на владеачката партија.

Груевски рече дека неговата партија нема да ги признае резултатите од тоа прегласување доколку и се одзеде победата на ВМРО ДПМНЕ ниту пак ќе дозволи Заев да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните. 

„Нема да дозволиме функиционирање на институции кои го немаат лигитимитетот на граѓаните. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, тоа мора да запре“, рече Груевски, со што тој им упати порака на амбасадорите кои вчера беа на средби со него.

ВМРО-ДПМНЕ рече уште Груевски дека нема да биде повеќе дел од форматите на приговори во кои учестуваат и странски претставници , нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки