Груевски: Во преговорите ДУИ достави закон за двојазичност кој го одбивме
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017 20:50
Според Никола Груевски преговорите со ДУИ пропаднаа и не беше искористен првично мандатот за создавање на влада бидејќи главен проблем било барањато за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија што е неприфатливо.
- Откако не успеаја плановите за постизборен инжинеринг стана јасно дека тежиштето на борбата се префрла со притисоци врз преговорите за формирање на влада со коалициониот партнер ДУИ што на почеток одеше во позитивна насока. Со оглед на распоредот на пратеници знаевме дека ќе биде тешко да се формира влада, но не одевме веднаш да бараме нови избори. Со ДУИ од старт видовме обиди за одложување на преговорите поради внатрепартиски несогласувања. Потоа бевме соочени со барањата на ДУИ со конкретен закон доставен на хартија за двојазичност на цела територија за изедначување на албанскиот со македонскиот јазик. Им кажавме дека е нелогично да има двојазичност каде Македонците се 65%, а Албанците се 25% кои живеат пред се во северозападна Македонија каде веќе уживаат голем број на етнички права, особено со Рамковниот, вели Груевски.
- На маса беше ставена и платформата која ја одбивме бидејќи е составена со други партии и во друга држава. Препознавме дека станува обид за ре-преговарање на Охридскиот рамковен договор. Тој е тешко постигнат и не треба да се менува, што ако помалите етнички заедници, па дури и македонската заедница излезат со свои барања. Со тоа ќе отвориме една Пандорина кутија која нема да донесе нешто добро. Им кажавме дека не сакаме да разговараме за платформата, туку за поединечни конкретни разговори, посочи Груевски во интервјуто за ТВ Нова.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




