07 Октомври, 2024
0.0260

Груевски: За ништо не „разговараат“ Заев и Ахмети, договорите им паѓаат од Марс

Објавено во: Македонија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер Никола Груевски смета дека е неправедно под истрага на СЈО за одлуки кои биле донесени со Закон во Собранието на Република Македонија, само затоа што телефонски разговарал со функционери или пак со тогашниот владин партнер Али Ахмети лидерот на ДУИ. Екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ако за вакви разговори и за вакви одлуки во парламентот се отвараат истраги, тогаш што ќе треба да се преземе за сите грешни одлуки на новата влада кои с

„Ако против мене и против други партиски и владини функционери водат истраги и поднесуваат обвиненија за работи за кои одлука донел Парламентот на Република Македонија со гласање закон, како што се прекинот на пописот и договорот за градба на двата автопати, при што за ова второто, за автопатите гласала и СДСМ, каква ли ќе биде одговорноста еден ден за законот за употреба на јазиците кој кога би стапил на сила, освен политички би имал сериозна финансиска импликација на Буџетот, а плус е неуставен и во незаконска постапка и насила „поминат“ во Парламентот. За него сигурно „не разговарале“ и „не го договориле“ Заев и Ахмети…

Па потоа за анексот на договорот за автопатиштата кој го склучија и тоа со компанија која според СДСМ/СЈО незаконски сме ја одбрале.
Па измената на законот за администрација од јануари годинава со која се овозможи СДСМ да го започне проектот за илјадници партиски вработувања, на сметка на државниот буџет. И за тој закон сигурно Заев и другите од власта „не разговарале и не договориле ништо“ , туку законот паднал од Марс директно во Парламентот и се изгласал…

Па за еден куп други владини одлуки и одлуки на Парламентот, за кои ќе се бара индивидуална одговорност според новите правила и принципи наметнати од СДСМ/СЈО, кои можат да се поткрепат, ако не со креирани снимки, тогаш со „два сведока“…
Па тек за името кога ќе дојде…..ќе биде забавно…

Инаку уште не можам да се изначудам и изнасмеам на онаа ептен интелегентна „досетливост“, како јас и Али Ахмети по две години подготовка на пописот, гласање закон за тоа, формирање пописна комисија од 25 луѓе, работа на тие луѓе, сите можни детали во подготовките, баш кога почнал пописот сме се сетиле дека бидејќи имало многу иселени од Македонија, ако дозволиме да заврши пописот ќе се видело колку се иселени и ќе сме загубеле гласачи на избори.

Значи не сме сетиле на тоа кога се носел законот за попис во Парламент, а по предлог на Владата, ниту низ целиот период на подготовки, ниту на неколку дена или недели пред да почне пописот, туку баш неколку дена откако почнал. Ваква итроштина може да смисли само обвинител кој обвинителската работа ја гледа исклучиво како „отскочна даска“ за влез во политика и по можност кандидатура за Претседател на државата, за доаѓање до таа цел очигледно некој смета дека треба да се смислат приказни за забава на народот, да се обвинат политичари за да се влезе во политиката“, напиша Груевски во обраќањето на социјалните мрежи.

Инаку Груевски е опфатен и во најновата истрага „Попис“ на СЈО под сомнеж дека заедно со Ахмети се договориле да го прекинат пописот на населението од политички цели, односно како што беше претставено во истрагата, за да останат на влас при што го оштетиле и државниот буџет. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил