Груевски: Заев сака да формира влада по секоја цена
Објавено во: Македонија 19 Март, 2017 19:34
Заев сака да формира влада по секоја цена, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за телевизијата Канал 5.
Заев не отстапува од платформата на албанските партии, бидејќи е фатен жив во криминал, тврди Груевски.
Тој обвини дека се планира решавање на спорот за името по грчки терк и дека на државата ѝ се заканува распаѓање. За Заев вели дека сака да биде премиер по секоја цена.
„Тој сака да формира влада по секоја цена, тргувајќи со националните и државните интереси, да стане премиер за да може да изврши притисок врз судиите и да не одговара за криминал и корупција. Нека му ја мислат тие што одат против волјата на народот“ - вели Груевски.
Тој повтори дека народот мора да си ја одбрани државата и дека има национално свесни Македонци.Груевски вели дека поддршка има од народот на улици, а од СДСМ за тоа се свесни.
Тој повторно кажа дека СЈО е поврзано со Заев, иако истото го негираат.
Според Груевски, излез од кризата би биле нови избори заедно со локалните.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




