Груевски: Затоа што не сакаме федерализација и двојазичност Заев не нарекува националисти
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016 19:40
Никола Груевски возврати на обвинувањата на Зоран Заев кој го нарече националист и квази патриот бидејќи спомената двојазичност и федерализација ја има само во неговата глава, па затоа тој ќе гарантира дека нема да се промени Уставот. Груевски посочи дека само затоа што ги брани државните интереси не е националист, особено што Заев одлучил да реализира туѓи штетни сценарија.
- СДСМ предвидува децентрализирање и на социјалната заштита, управување со земјоделското земјиште, шумите, пасиштата и други работи. Скандалозно и опасно е за иднината на нашата земја. Сите кои предупредуваме на ова опасно сценарио и не се согласуваме со вакво рекомпонирање на државата нејзино разградување Заев не нарекува националисти, зошто?- Затоа што си ја сакаме државата, во овие граници, а Заев бил со современи и модерни сфаќања бидејќи тој ги следел терковите. Епа Заев баш пробај ова твое сценарио да го продадеш и извезеш во некоја друга напредна европска земја која е унитарна. Тогаш ако успееш пеки, може и ќар да испадне за него, па да го патентира. Ама нема да помине никаде на друго место ова што го предлага. Никаде. На Балканот драги мои ова сценарио беше насадено во Босна, тешко функционира, еве го кантонизирањето на Балканот како функционира и секој ден сака некој од тие кантони да излезе од босанската кантонизација. Секој ден слушаме како дел од кантоните бараат отцепување…еден ден можеби ќе успее, не ни треба тааа работа си имаме соживот, меѓу сите зошто некој сака да го промени и да ни го уништи тоа, да се закрвиме…можеби некој на надвор тоа ќе му биде корисно но не и на граѓаните во Македонија, Македонците, Албанците, Бошњаците, Турците, Ромите, не ако сакаат да живеат во оваа држава, заклучи Груевски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




