Групацијата Дојче Телеком на Светскиот конгрес за паметни градови во Барселона
Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2016 12:15
Групацијата Дојче Телеком ги претстави најновите паметни решенија за подобрување на урбаниот живот и развојот на градовите, на Светскиот конгрес за паметни градови, што се одржува од 15 до 17 ноември во Барселона.
Благодарение на иницијативите за паметни градови на Дојче Телеком, се подобруваат развојот и функционалноста на европските метрополи како Бон, Будимпешта, Дубровник, Букурешт, Прага и Скопје.

Градовите во денешно време се соочуваат со огромни предизвици за справување со брзиот раст и развој, што резултира и со економски и еколошки притисоци. Неодамна Дојче Телеком стана и првиот телекомуникациски провајдер кој воведе иновативни решенија за паметни градови врз основа на новата технологија за теснопојасен интернет на нештата.
Дел од заслугата за успехот на овие иницијативи му припаѓа и на Македонски Телеком, кој ќе учествувува на Smart City Expoсо проектот „Паметен град“, за имплементација на современ интегриран систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата во јавниот градски превоз во Скопје. Проектот е добитник и на престижното признание од Светската алијанса за информациони технологии и услуги (WITSA) во категоријата „Решение за оддржлив раст“, во Бразил, оваа година.
„Нашата цел е паметната технологија да ја ставиме во функција на модерниот град, преку паметни решенија да придонесеме до подобрување на квалитетот на животот, безбедноста на граѓаните и поддршка на економскиот развој. Системот за автоматска локација и електронска наплата за кој ја добивме престижната награда од Светската алијанса за информациони технологии и услуги (WITSA) е само почеток. Веќе работиме на решенија со кои ќе овозможиме Скопје да стане паметен град, по примерот на светските метрополи“ – изјави Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
На Светскиот конгрес за паметни градови, ќе биде инсталирана целосна поставка за презентација на најновите паметни решенија на Групацијата, од паметно паркирање и улично осветлување, паметна безбедност, до полнење на електрични возила и паметно управување со отпадот.
Покрај нови паметни решенија, на манифестацијата се очекуваат интересни дискусии и гости-говорници кои ќе ја претстават визијата на Дојче Телеком за развојот и идината на паметните градови.Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




